Женската чанта е навистина чудесно тајно место, каде мажите ќе се согласат дека може да се најде буквално сè. Но, еве зошто би требало да носиме ореви со нас.

Иако можеби на прв поглед звучи смешно и како апсурдна идеја, еве за што всушност станува збор.

Источната медицина на човечкиот организам гледа како на една целина, во која сè е поврзано. Кинеските лекари сметаат дека нашето здравје и благосостојба зависи од движењето на енергијата низ телото, а доколку нејзиниот баланс е нарушен, тоа ќе резултира со лошо расположение и појава на разни заболувања.

Затоа тамошните лекари препорачуваат секогаш со вас да носите по 2 ореви со вас. Со нивна помош, ќе се ослободите од нервниот притисок, а само треба да ги фатите со раце и да направите лесна масажа.

Техника со ореви за зајакнато и подобрено здравје

Техниката ќе ви одземе само 2 минути. По нашите дланки постојат активни точки, кои одговараат на функцијата на внатрешните органи. Доколку ги притиснете тие точки, може да се справиме со разни заболувања и притоа да се ослободиме од вишокот килограми.

Едноставно поставете ги оревите на активните точки, по 2 ореви во секоја рака и започнете да правите кружни движења со истите. Оревите поставете ги како што е прикажано на фотографијата, а по масажата отпуштете и направете пауза.

Според кинеската медицина, ефикасноста на техниката се крие во фактот што психолошката состојба на личноста не се контролира од главата, туку од внатрешните органи.