На оваа несреќна жена, вљубеник во еден од најпознатите цртани филмови на сите времиња, очигледно не и се посреќило, бидејќи е тужена од целиот град поради грдиот изглед на нејзината невообичаена куќа.

Флоренс Фенг, жена-бизнисмен, филантроп и издавач на весници, од Калифорнија, е опседната со култниот цртан филм Каменковци  и воедно е сопственик на најпозната грда куќа во тоа подрачје, а истата е инспирирана токму од анимиранаа камена доба.

Куќата е тркалезна, црвена и виолетова, опкружена e со лажни диносауруси, a во паркот со огромни букви стои познатото “Јаба даба ду”. Фенг навистина се потрудила да го опфати секој детал посебно.

Но, очигледно преголемата љубов и страст кон “Каменковци” не ја делат и нејзините соседи и веќе им е преку глава секојдневно да ја гледаат грдата куќа.

Па така, сега кутрата Флорнес Фенд е тужена од страна на целиот град. Во тужбата е наведено дека Флоренс креирала жива опасност и итно е потребна корекција, за безбедноста на жителите.

Дури и во минатото Флоренс била тужена претходно од градежниот оддел на градот кој тврдел дека нејзината куќа е дизајнирана така што е премногу наметлива и го нарушува личниот простор на соседите, а воедно се пркоси и со нивните желби.

Флоренс нема намера да попушти пред тужбите, а еве како изгледа нејзината “грда” куќа:

Што мислите, дали навистина куќата е до толку грда за да мора соседите да ја тужат?