Уште од првиот ден кога миленикот влегува во нашиот дом станува дел од семејството. Истото, се подразбира и за мачорот наречен Спарта – 10-годишен бенгалски микс кој бил усвоен во летото 2007 година. Спарта е необичен мачор, тој сака да се бори, да носи предмети и да го држат како бебе.

Затоа што многу сака да се мази со сопственикот еден ден сопственикот се запрашал: „Што ќе направи мојот мачор ако одеднаш умрам?“ Затоа тој решил да ја лажира својата смрт за да види како ќе реагира Спарта. За среќа, тој сето ова го снимил, за да можеме да го видиме и овој непроценлив момент.