По еден сосема обичен ден на работа, сопругот и татко на 3 деца, се вратил дома изморен. Но, штом влегол дома, не можел да им поверува на своите очи.

Домот изгледаше како да паднала бомба во семејното гнездо. Сите три деца сè уште беа во пижами, а нивните играчки беа расфрлани наоколу. Веднаш близу до нив, на масата стоеше отворена кутија со празни шишиња од испиени пијалоци и амбалажи од изедени сендвичи.

Вратите од автомобилот на неговата сопруга стојат отворени, како и гаражата, а кучето не се знае каде е.

Сопругот внимателно започнал да се движи низ хаосот, избезумен и вознемирен, не знаејќи што се случило во неговиот дом. Дневната наликувала на воено поле, на скапиот персиски ќилим била нанесена некаква леплива супстанца, вратата од фрижидерот била исто отворена, а неговата омилена шолја за кафе била скршена на парчиња. Но, тоа не било сè…

Брзо се спуштил по скалите и помислил „Мојата сопруга мора да е овде некаде“- си рекол сопругот. Се досетил да ја провери на крај и нивната спална соба.

Таму, неговата сопруга, облечена во најубавата ноќница, занесена во читањето книга. Ја исправи главата нагоре, го погледна со насмевка сопругот и му рече:

„Здраво драги, како ти помина денот на работа?“. Тој не можеше да поверува колку е таа опуштена и збунето праша: „Што…Што се случило тука?“

Жената само се насмевна и без многу размислување одговори: „Нели секој ден кога кога ќе си стасаш од работа, ме прашуваш, што правам јас по цел ден?“

Мажот го сменил изразот на лицето и тивко и виновно одговорил: „Да“.

„Епа драг мој, јас едноставно тоа не го правев денес. Случајно да не забележа?“-одгорворила сопругата.