Вкусот на овој природен напиток ќе ви се чини малку пикантен, а и самата арома- уникатна, но важен е неговиот чудесен и моќен ефект.

Се подготвува од природни состојки, а консумирањето на само 1 чаша секоја вечер од напитокот ќе ви даде неверојатни и посакувани резултати, при што уште веќе следното утро ќе се разбудите со чувство на леснотија.

Како да го приготвите чудесниот напиток

Ставете 200 мл вода во сад и поставете ја истата да се вари. Потоа додадете ½ кафена лажица цимет во прав, во врелата вода и оставете ја да се вари дополнителни 5 минути. Следно, оставете го садот на страна, за да смесата се излади.

Кога истата ќе се излади на собна температура, додадете во смесата 1 кафена лажица чист пчелин мед и така приготвениот напиток складирајте го ладилникот, да отстои 2 часа.

Консумирајте по 1 чаша секоја вечер пред спиење. Овој чудесен природен напиток не само што ефикасно ќе ви помогне во борбата против килограмите, туку и ќе го подобри вашиот тен, ќе го намали холестеролот, ќе го поттикне правилниот проток на крвта, совршен е за здравјето на срцето, стомакот и цревата и најважното, моќно и брзо ги топи наталожените масни наслаги.

Истовремено не заборавајте дека е потребно да внесете промени во вашето дневно мени и да започнете да практикувате поздрав начин на исхрана и живот.