Сезоната на тиквишките штотуку започна и веќе овој чудесен зеленчук секој ден може да се најде во менито на речиси секој од нас. Денес ви откриваме како да приготвите неверојатно вкусни мафини токму од тиквички!

Сезоната на тиквичките штотуку започна и веќе ово јчудесен зеленчук секој ден може да се најде во менито на речиси секој од нас. Денес ви откриваме како да приготвите неверојатно вкусни мафини токму одтиквички!
Вкупно време45 минути
Оброк: Главно јадење
Кујна: италијанска
Клучни зборови: тиквички, мафини, солени мафини
Порции: 4

Состојки

  • 1 тиквичка
  • 2 домати
  • 3 јајца
  • 300 гр кашкавал
  • 1 кафена лажица пециво
  • 100 гр брашно
  • 40 гр зелени зачини
  • По вкус сол и мелен црн пипер

Начин на подготовка

  • Измијте ги тиквичките, а потоа излупете ги и крупно изрендајте ги.
  • Измијте и ситно исечете ги доматите.
  • Во соодветен сад, изматете ги јајцата со сол и мелен црн пипер. Во садот додадете ги изренданите тиквички, измешајте, а потоа додадете ги и доматите и повторно добро измешајте ги состојките заедно.
  • Во одделен сад, измешајте го пресеаното брашно со пецивото, а потоа исипете го тестото и добро измешајте.
  • Исечете го кашкавалот на мали коцки и истите додадете ги кон тестото. Може да додадете и зачини по ваш вкус и повторно добро да измешате.
  • Премачкајте ги калапите за мафини со масло и исипете готестото во истите. Исипете ги до малку повеќе од самата половина на калапот. Поставете ги мафините да се печат 20-25 минути во претходно загреана рерна на 180°C.
  • Пријатен апетит!