Во текот на неделата, поради обврските, повеќето од нас немаат време за подготвување на посложени рецепти. Но, сега може да ги изненадите вашите најблиски со овие брзи солени мафини!

Солени мафини

Во текот на неделата, поради обврските, повеќето од нас немаат време за подготвување на посложени рецепти. Но, сега може да ги изненадите вашите најблиски со овие брзи солени мафини!
Вкупно време20 мин
Оброк: Појадок
Кујна: италијанска
Клучни зборови: мафини, солени мафини, мафини со сирење
Порции: 4

Состојки

  • 1 кафена шолја густо кисело млеко
  • 2 јајца
  • Половина кафена шолја масло за готвење
  • 130 гр сирење
  • Половина кафена лажица сол
  • Половина кафена шолја брашно
  • 1 супена лажица ситно исечен магоднос (по желба)

Начин на подготовка

  • Во сад, исипете го млекото, додадете го пецивото иизмешајте ги состојките со рака. Следно, мешајќи со миксерот, постепено додадете ги јајцата, маслото за готвење, солта и брашното, (не одеднаш, туку на неколку пати).
  • Измешајте го добиеното тесто со изрендано сирење, а по желба може да додадете и магдонос. Од тестото оформете топчиња и истите поставете ги во сад за печење, во кој претходно сте поставиле и хартија за печење.
  • Врз топчињата поставете малку путер и рендан кашкавал, за да го збогатите нивниот вкус. Печете на 180°C, со вклучен венитлатор, 15-17 минути.