Сите знаеме за лековитите својства на грозјето и неговото антиоксидантно дејство. Но неодамна тим од американски научници открија уште подрагоцен квалитет на грозјето, односно грозјето ја подобрува и зајакнува меморијата и концентрацијата.

Научниците од Универзитетот во Синсинати спроведоа експериментално истражување меѓу доброволци на возраст меѓу 75 и 80 година, кои имале некаква форма на когнитивни нарушувања и губење на меморија.

Оние кои пиеле секој ден по 100 мл. свежо исцеден сок од грозје во период од 12 недели, покажувале подобри резултати со секој изминат тест, благодарение на моќното антиоксидантно дејство и флавоноиди содржани во обвивката и сокот на грозјето.

Сокот од грозје се смета за непроценливо најдобар безалкохолен пијалак. Пијте сок (шира) во која е избегната алкохолна ферментација.

Шеќерот од него се апсорбира директно од мускулите на телото и срцето и е мелем за срцеви и бубрежни заболувања.

Овој сок е богат со витамини, органски киселини и многу минерали, како калиум, калциум, железо, фосфор, магнезиум.