За денес ви откриваме рецепт за еден од највкусните специјалитети во кулинарскиот свет, за чија подготовка не ви се потребни вештини, а резултатите ќе ве воодушеват.

Станува збор за полнети печурки, кои може да ги приготвите во било кој дел од денот, а истовремено филот со кој ќе ги наполните може да биде разновиден, односно скорен токму по ваш вкус.

Превкусни полнети печурки

Потребни состојки

  • 500 гр печурки
  • 200 гр кашкавал
  • 2-3 домати
  • Сол и зачини по ваш вкус

Начин на подготовка

Добро исчистете ги печурките и посолете по ваш вкус.

Следно, исечете го кашкавалот на мали коцки и поставете ги истите во средина од печурките.

Поставете ги печурките во плосната чинија и поставете ги да се печат во микробранова на 10 минути, при моќност од 800 вати.

Во меѓувреме, исечете ги доматите на тенки полукругови и нанесете ги врз готовото јадење. Одозгора посолете со зачини по ваш вкус и насладувајте се во вкусниот деликатес!