Малите чиа семиња чиа се полни со хранливи материи, а имаат многу малку калории, а токму ова е нивната чудесна тајна, што ги прави најмоќното оружје во борбата против вишокот килограми.

Тие исто така содржат висок процент на квалитетни протеини – со 2 кафени лажици чиа семе ќе внесете само 140 калории, но и 4 грама протеини, 12 грама сложени јаглеидрати (не и шеќер) и 11 грама  хранливи влакна, кои се важни за нашата дигестија.

Затоа семињата чиа се одлични за слабеење и се полни со витамини и минерали, што ги прави идеална состојка доколку сакаме нашата диета да биде ефикасна.

Лесен напиток од чиа семе за слабеење

За да го приготвите овој домашен напиток, потопете 2 кафени лажициу чиа семе во вода, да отстојат 1 час. Потоа, истите измешајте ги во блендер заедно со 1 лажица мед. Додадете и сок од лимон по вкус, а напитокот разредете го со обична вода.

Пијте пијалок наутро, по можност пред појадокот, но доколку имате чувствителен стомак, слободно прво појадувајте.

Истовремено со цел да ги добиете посакуваните резултати, потребно е да ја прилагодете вашата диета – зголемете го внесот протеините, а намалете ги мастите. За оваа цел, ви препорачуваме да консумирате повеќе посно младо сирење, варени јајца и посно месо како пилешко. Воедно потрудете се значително да го намалите внесот на шеќер – 2 кафени лажички шеќер се доволни за вашите дневни потреби. Исто така зголемете ја и физичката активност.