Кожата на вратот е најмалку заштитена и најмалку негувана, а воедно е склона кон побрзо стареење. Кога таа ја губи својата еластичност, воедно го губи и својот убав изглед.

За таа цел, денес ви откриваме ефикасен домашен рецепт како да го подмладите вашиот врат и да се ослободите и од најздодевните брчки.

Домашна маска за врат и деколте

Потребни состојки

  • 1 кафена лажица квасец
  • 100 мл вода

Начин на подготовка

Растворете 1 кафена лажица квасец во 100 мл топла преварена вода. Добро измешајте ги состојките, до добивање на смеса со кремаста текстура. Оставете ја маската да отстои 1 ден на топло место.

Потоа, откако ќе биде готова за употреба, нанесете ја маската на вашите врат и деколте и оставете ја да дејствува 20 минути. На крај, исплакнете со вода и нанесете навлажнувачка крема.