Утринското кафе е специјален ритуал со кој речиси сите луѓе го започнуваат денот, за да бидат подготвени за предизвиците што ги носи истиот. Но, кафето не го стимулира само телото и душата, туку и корените на косата!

Токму затоа коефинот влегува во составот на голем број купечки производи наменети против косопад. Денес ви откриваме како во домашни услови, со помош на чудесното кафе да го спречите паѓањето на косата, притоа истата да стане посилна, двојно погуста и подолга.

Домашна маска од кафе против косопад и за двојно погуста коса

Потребни состојки

  • 1,5 супена лажица сомелено кафе
  • 1 супена лажица мед
  • 1 супена лажца зејтин

Начин на подготовка и употреба

Добро измешајте ги сите состојки заедно, до добивање на густа паста. Нанесете ја добиената смеса врз скалпот, со внимателно триење на истата во корените на косата. Нанесете ја маската и по целата должина на косата, а потоа поставете капа за туширање.

Оставете ја маската да дејствува половина час, а потоа измијте ја со полесен шампон.