Не само што целиот дом ќе замириса прекрасно, туку и повторно ќе ги освоите вашите најблиски, а ќе ги воодушевите и гостите. Притоа, десертот нема да ви одземе многу време, а се прави многу едноставно.

Потребни состојки

За бисквитнoто тесто

  • 180 г мелени бисквити
  • 2 лажици мед
  • 4 лажици стопен путер

За кремот

  • 350 мл густ јогурт
  • 250 мл слатка павлака
  • 1 пудинг
  • 500 мл млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 1 ќесичка желатин
  • 300 гр кајсии
  • 300 гр праски

Начин на подготовка

Измешајте ги мелените бисквити со медот и стопениот путер. Добиената смеса ставете ја во четириаголен сад со димензии 20 х 20 цм, а потоа ставете го садот во фрижидер, за да може смесата да се зацврсти.

Желатинот полијте го со 4 лажици ладна вода и почекајте да реагира.  Пудингот пригответе го по упатството на неговата амбалажа со 500-те мл млеко и 4-те лажици шеќер. По 10 минути, откако желатинот ќе реагира на водата, процедете и додајте го во пудингот. Оставете да се излади.

Половина од овошјето исецкајте го со помош на блендер, а потоа соединете го со јогуртот и пудингот. Преостанатото овошје исецкајте го рачно, при што едната половина додадете ја во кремот, а другата половина оставете ја за крајниот чекор- декорацијата.

Измaтете ја слатката павлака и додадете ја во кремот.

Извадете го бисквитното тесто од фрижидерот, додадете го кремот врз истото, добро распоредете и повторно вратете го садот во фрижидерот, на ладење.

Потоа исечете на коцки и врз секоја коцка додадете од останатото овошје. По желба декорацијата завршете ја со прелив од карамела или чоколада.