Затнатиот нос е еден од најчестите симптоми на сезонските настинки и грип, а притоа може да претставува голем проблем што ќе го отежне дишењето, ќе го наруши квалитетот на сонот и притоа може да предизвика и главоболка.

Токму за оваа цел, денес ви го откриваме најдоброто природно решение, како брзо, лесно и ефикасно да го решите овој проблем!

Народно средство против затнат нос

Потребни состојки

  • 1 лимон
  • 1 средно голема глава кромид
  • 2 супени лажици мед
  • 2 шолји вода

Начин на подготовка и употреба

Сварете ја водата и исечете го кромидот на ситни мали парчиња со големина од 1,5 цм. Додадете го кромидот врелата вода на 15 минути, а потоа исклучете го шпоретот и оставете го напитокот да отстои така 5 минути. Следно додадете 2 супени лажици мед и добро измешајте ја целата смеса. Пред да ја испиете смесата, исцедете 1 цел лимон во истата.

Консумирајте го напитокот во текот на целиот ден т.е по 2-3 пати по 1 супена лажица. Напиткот може да се складира на 2 дена.