Иако пеглањето на алиштата изгледа како многу лесен и едноставен процес, сепак потребна е голема внимателност, особено бидејќи секому може да му се случи со пеглата малку да ја изгори облеката.

Но, без грижи, токму за оваа цел, денес ви откриваме еден генијален и практичен трик како без многу труд, да ги отстраните ваквите несакани загорени дамки од облеката, настанати од пеглата.

Домашен трик за отстранување на загорени дамки

За алиштата со светла боја, најдобро е да ја употребите комбинацијата на оцет и сол. Најпрво измешајте вода и оцет во сооднос 3:1, а потоа со добиената смеса истријте ги дамките и следно нанесете сол одозгора. Оставете ги алиштата да се исушат, отстранете ја солта и испеглајте ја облеката.

Доколку станува збор за темна облека, тогаш употребете амонијак. Потопете парче газа во вода со амонијак и со влажното парче покријте ја изгорената дамка, а потоа нежно поминете преку истата со пеглата на режим на пареа.