Мајкл Зајков е неверојатен уметник од Русија што прави волшебни кукли кои ќе ве импресионираат со нивниот реален изглед. Тој успеа да собере над 1 милион фанови, кои му се восхитуваат на неговиот фасцинантен работен процес и уметноста што ја создава.

Создавањето на секоја кукла започнува со пребарување на слика, проследена со скица.


Уметникот потоа започнува да работи на главата, започнува со топка од фолија, на чиј врв додава повеќе слоеви глина, создавајќи хипер-реалистични, анатомски точни структури. Очите на куклите се рачно изработени во Германија од Лоушер Гласауген.


Мајкл Зајков го бои лицето на куклите, додавајќи ги сите детали на вистинските места – веѓите, усните, пегите – секоја од овие работи се додава внимателно за конечниот резултат да изгледа како совршена копија на човечко лице.


Косата на куклите е направена од висококвалитетна француска волна, која совршено ја имитира човечката коса. Мајкл Зајков рачно го додава секое влакно.


Куклите се со висина од приближно 70 сантиметри.


Секоја од креациите на уметникот има 13 подвижни зглобови што овозможуваат промени во држењето на телото и затоа куклите можат да бидат наместени во различни позиции.

Импресивната облека што ја носат куклите е изработена од модната дизајнерка Ирина Кузиомина.