За денес ви претставуваме една совршена идеја за вечера, на која ретко кој може да одолее. Се приготвува многу лесно и тоа со производи, кои ги има во секој дом.

Станува збор за солено суфле кое е идеално за консумирање во било кое време, благодарение на неговата фина и лесна текстура.

Солено суфле

Потребни состојки

  • 100 мл кисело млеко
  • 2 јајца
  • 180 гр кашкавал
  • 100 гр сирење или урда
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • 2 супени лажици нишесте или брашно
  • 1 супена лажица сончогледово масло

Начин на подготовка

Вклучете ја рерната да се загрее до 180°C. Во длабок сад измешајте го сирењето, киселото млеко и јајцата. Добро измешајте ги состојките.

Потоа додадете го нишестето и содата и повторно добро измешајте. Изрендајте го кашкавалот, измешајте го со сирењето и поставете ја смесата во керамички садови, претходно премачкани со масло. Суфлето може да го приготвите и во еден поголем сад, но тогаш ќе ви биде потребно повеќе време за печење.

Поставете ја смесата во претходно загреана рерна, на 20-25 минути. Појавата на златна кора на површината означува дека специјалитетот е готов.

Пријатен апетит!