Оваа сабота на 18.09 инструкторките од јога училиштето Инсајд Јога организираат хуманитарен настан во Скопје.

Во склоп со настанот се организираат две работилници од 12:00 и од 14:00 часот во просториите на студиото Инсајд Јога, а сите собрани средства ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во пожарот во модуларната болница во Тетово.

За учество на јога работилниците не е потребно предходно искуство, само желбата да се проба нешто ново е доволна.

Покрај работилниците, ќе се организира и базар на кој ќе се продаваат маички, чаши, рачно изработен накит и слично, а истиот ќе биде поставен во Градскиот парк, пред студиото на Инсајд Јога од 11:00 до 17:00 часот.

Оние кои немаат желба да учествуваат на работилниците, ќе имаат можност да донираат облека на штандовите која подоцна ќе биде доставена до Црвен Крст со цел да се донира на оние на кои им е најпотребна.

За повеќе информации и пријавување погледнете го линкот од настанот како и instagram профилот на организаторите.