Деновите базирани на гладување треба секој да ги практикува од време на време, дури и оние кои немаат прекумерена телесна тежина, со цел целосно прочистување на организамот.

Според нутриционистите живееме во ера каде голем дел од популацијата е склона кон прејадување, кое може да биде поттикнато и од секојдневниот стрес, но со цел да се негува здравјето и одржи нормална телесна тежина, потребно е да се храниме балансирано.,

Воедно, експертите препорачуваат многу едноставен трик, со кој ќе се ослободите од вишокот килограми и ќе ја подобрите општата состојба на вашиот организам.

Станува збор за намалување дневното мени до 500 калории, двапати во текот на неделата.

За таа цел, ви подготвивме 2 варијанти на мени за прочистувачкиот ден, а вие одберете го она кое сметате дека е најдоброто за вас.

2 варијанти за 1-дневно прочистувачко мени

Мени бр. 1

Потребни состојки

  • 300 гр моркови
  • 300 гр варено цвекло
  • 2 јајца
  • 1 супена лажица маслиново масло

Начин на подготовка

Изрендајте ги зеленчуците, исечете ги јајцата на коцки и така измешајте ги сите состојките заедно, притоа зачинете со маслиново масло. А по желба, може да додадете и неколку капки сок од лимон.

Салатата треба да се консумира во текот на целиот ден, поделена во 5 оброци.

Мени бр. 2

Појадок: 100 грама кашкавал и шолја кафе

Ручек: 100 грама варено пилешко месо и 2 јајца

Вечера: 200 грама урда и чаша кисело млеко