Сите посетители на забавите знаат за него, но тешко го наоѓаат: Град кој никнува од нигде никаде и исчезнува по две недели

Кој „град“ никнува од нигде никаде, живее две недели, а потоа исчезнува?

За да добиеме одговор, треба да се упатиме кон далечната Невада. Во пустината наречена пустина Блек Рок, во западниот дел на САД недалеку од границата со Калифорнија, таму ќе го најдеме (ако имаме среќа) Блек Рок Сити.

Неговите корени датираат од 1986 година кога двајца пријатели во Сан Франциско направија дрвена конструкција висока два метра од човек и ја запалија. Атракцијата ги привлече минувачите и означи почеток на голем проект.

Неколку години подоцна, на проектот му беше дадено соодветно име: Burning Man. Тој се пресели од Сан Франциско во пустината во Невада. Додека повеќето луѓе ќе го опишат како фестивал, организаторите сакаат да истакнат дека тоа е многу повеќе од фестивал. Спектаклот е насочен кон заедницата, уметноста, „радикалното самоизразување“, одговорноста, етиката и принципот „зад себе оставете ги само вашите траги“.

Звучи прилично боемски. Гостите на фестивалот учествуваа во разни креативни активности во согласност со темата што се менува секоја година, нема платени претстави и уметници, скоро и да нема правила и граници во физичкиот простор.

Гигантски инсталации, украсени велосипеди, телефонски штандови на кои пишува „Зборувај со Бога“, електронска музика, неонски украси што сигнализираат „сообраќај“ во пустинската прашина, илјадници учесници во неверојатни модни комбинации со очила и маски за лице за заштита од прашина… ова е дефинитивно сцена што ќе ја најдете на фестивалот.

Она што се издвојува е фактот дека поканата за фестивалот ги вклучува сите и ги охрабрува посетителите да ја покажат својата креативност. Билетот чини најмалку 425 долари. Некои доаѓаат на фестивалот со авиони и изнајмуваат луксузни кампови, па фрлаат дури до 20 000 долари во пустинската прашина.

Како можете да набавите билет за фестивалот Burning Мan? Ех, камо да можеме да ви помогнеме.  Фестивалот се распродава секоја година и тоа во рекордно време. Последниот пат билетите беа распродадени за 35 минути.

Бројот на билети, т.е. учесници, брзо се зголемил: од само 250 учесници во 1991 година, до 79.000 луѓе во  2019 година.

Погледнете како изгледаше фестивалот во 2019, па можеби ќе се инспирирате да се борите и да бидете меѓу првите што ќе успеат да купат карта.

 

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *