Постојат огромен број на диети и кога доаѓа време да ја избереме правилната за нас, најчесто се соочуваме со потешкотии. Токму за оваа цел, денес ви ја претставуваме т.н медицинска диета која се смета за една од најефикасните, бидејќи одговара на речиси секој.

Оваа диета е разработена од лекари за пациенти кои треба да ослабнат пред операција. Истата е супер брз, неверојатно ефикасна и ви дозволува правилно да ослабнете. Планот за диетата е многу едноставен, а благодарение на истиот ќе го прочистите организамот и ќе ги согорите масните наслаги.

Правила на диетата

  • Правилен баланс на пиење само вода без газирани пијалоци
  • Задолжителни секојдневни прошетки на чист воздух
  • Забрана за консумирање на алкохол и употреба на цигари
  • Со исклучок на доцната вечера, последниот оброк треба да биде до 21:00 часот.

7-дневно мени

Диетата се држи 7 или 14 дена, во зависност од резултатите кои сакате да ги постигнете, а може да симнете до 10 килограми.

Ден 1

1,5 литри сварен зелен чај и 100 гр мед (распоредени за целиот ден)

Ден 2

600 мл млеко и 300 гр нискомаслена урда

Ден 3

1,5 литри незасладен компот, приготвен од 250 гр суво овошје

Ден 4

5 тврдо сварени јајца и 200 мл кафе без шеќер

Ден 5

Половина килограм овесни снегулки во вода, без зачини и 200 мл кафе

Ден 6

1,5 кг зелени јаболка, се препорачува да изберете од киселите сорти.

Ден 7

1,5 литри кисело млеко.

Предвидено е за секој ден од диетата да губите по 500 грама од вашата тежина. Доколку би сакале да продолжите со диетата, следната недела, секој ваш ден треба да изгледа вака:

  • 8:00 часот – 100 гр нискомаслена урда, 1 кафена лажица мед и 200 мл кафе
  • 11:00 часот – 200 гр свежо изрендани моркови со 1 кафена лажица зејтин
  • 14:00 часот – 50 гр варена риба, 200 гр цвекло и 200 мл чај
  • 16:00 часот – Мал грејпрфут
  • 18:00 часот – 150 гр хељда, 200 мл чај и 50 гр кашкавал
  • 21:00 часот – 200 мл кисело млеко со ниска масленост и 2 супени лажици масло