Воспалителна, вообичаена, остра или болка проследена со грчеви, лоцирана на различни места во стомакот, може многу да открие за вашето здравје.

Бидејќи во стомакот се сместени многу важни внатрешни органи, како и нерви, постојат многу фактори што би можеле да бидат причината за вашата стомачна болка.

Нездравата диета, претерано консумирање храна, пушење цигари, па дури и земање одредени лекови, пример за чир, камен во жолчното ќесе или стомачните киселини.

Затоа од исклучителна важност е да се лоцира точното место каде се наоѓа болката и веднаш да се превеземе соодветен третман.

1. Вообичаена здодевна болка во горниот дел од стомакот: Вишок на гасови во организамот

Ако моментално се соочувате со болка во горниот дел од стомакот и се чувствувате подуено, тоа најверојатно значи дека таму имате сконцентрирано вишок на гасови во организамот. Истовремено може да имате и други симптоми: Болка која доаѓа во интервали и предизвикува стомакот да отече, а воедно чувствувате како нешто да се движи низ истиот и постојано произведувате гасови.

Причина: Јадењето брзо и брзото голтање, може да го предизвика ова чувство. Газирани пијалоци, пиво, млечни производи и грав го создаваат тој вишок на гасови во организамот.

Решение: За да ја спречите ваквата ситуација, најдобро е да не ги консумирате горенаведните видови на храна и пијалоци. Воедно, за брзо ослободување од проблемот, се препорачува земање на капсула активен јаглен или капсула од масло од нане.

2. Болка во долниот дел од градниот кош или врвот на стомачната површина: Жиговина (Желудечни киселини)

Жиговината создава непријатно воспалително чувство, при која чувствувате како да горите одвнатре, а болката се лоцира во долниот дел од градниот кош или врвот на стомачната површина. Понекогаш непријатното чувство на горење се проширува и низ грлото, па вашата храна добива чуден вкус.

Причина: Постојат многу видови на храна кои можат да предизвикаат желудечни киселини. Меѓу нив спаѓа мрсната и зачинета храна, алкохолот (особено црвеното вино), кромид, чоколада, цитрусните овошја, кафе и пијалоци што содржат кофеин. А пушењето цигари најмногу ја влошува ситуацијата.

Решениe: Обидете се, да не се прејадувате- Најдобро е да консумирате 5 до 6 мали оброци во текот на целиот ден, наместо 2-3 големи. Воедно, намалете, доколку не можете да ги откажете цигарите и носете полесна облека, за да не му создавате притисок на стомакот.

3. Сериозна остра болка во горниот дел од стомакот: Чирови

Чировите можат да бидат причината за острата болка во вашиот горен дел од стомакот. Тие се појавуваат кога стомачната обвивка е оштетена, а можат да бидат предизвикани од појаки лекови против болка. Останатите симптоми се: Промени во апетитот, вртоглавица, темна столица или пропратена со крв, необјасниво губење на тежината, повраќање и болка во градите.

Причина: Честото користење на асприрн, ибупрофен или други анти-воспалителни лекови, притоа пушење цигари и консумирање премногу алкохол, сите овие работи можат да доведат до нарушување на стомачната состојба и да предизвикаат појава на чирови

Решение: За да ја спречите појавата на чирови, се препорачува да не консумирате повеќе од 2 чаши алкохол во текот на денот и истовремено да не го мешате со лекови. Исто така, ограничете го внесот на лековите против болка и мијте ги рацете пред секој оброк. Важно е да практикувате диета која вклучува цели зрна, комбинација од овошја и зеленчук и најважно, да се откажете од цигарите.

4. Грчеви и подуеност: Синдром на надразнети црева

Ако вашиот дигестивен систем е малку почувствивтелен, тогаш може да почувствувате грчеви и подуеност, а притоа лесно да го поттикнете синдромот на надразнети црева. Синдромот може да има 2 резултати: Или дигестивниот систем ќе започне да ви работи пребрзо и ќе добиете дијареа или ќе започне да работи многу бавно, што пак, ќе доведе до опстипација.

Причина: Сè уште не се знае точната причина за појавата на овој синдром, но се верува дека тоа е како резултат на комбинација од абнормални движења во гастроинтестиналниот тракт, поттикнат од зголемените телесни функции и прекинувањето на врската на комуникација меѓу мозокот и дигестивниот систем.

Решение: Најдбро е да проверите на која храна е чувствителен вашиот дигестивен систем и да го намалите нејзиниот внес.

5. Грчеви и дијареја: Гастроентеритис (Стомачен грип)

Ако почувствувате остра болка и грчеви во стомачниот дел, а притоа имате водена дијареја, вртоглавица, повраќате, повремена болка во мускулите, главоболка и малку пониска температура, сето тоа може да биде индикатор дека имате гастроентеритис.

Причина: Стомачен грип може да добиете ако консумирате храна или вода кои се заразени или ако дел од личните работи ги делите со личност која е заразена.

Решение: За превенција, најдобро е да се вакцинирате, да ги миете рацете пред секој оброк, да направите дезинфекција на домот и да не ги делите со друго лице, вашите лични работи.

6. Блага болка и тешко процесирање на храната: Нетолеранција на лактоза

Стомачната болка и подуеност се чести и вообичаени симптоми кои укажуваат на нетолеранција на лактоза. Тоа може да предизвика дијареја, зголемени гасови или пак, опстипација. Останатите симптоми може да вклучат главоболка, измореност, губење на концентрацијата, болка во мускулите и зглобовите, усни чирови и проблеми при уринирањето.

Причина: Нетолеранцијата на лактоза е предизвикана поради недостатокот на ензимот лактаза во организамот. Тој ја дели лактозата на два помали шеќери: глукоза и галактоза и дозволува лактозата да биде апсорбирана од дигестивниот систем.

Решение: Ако забележите дека сте нетолерантни на лактоза, се препорачува да започнете диета без лактоза, но сепак, не заборавајте преку други видови на храна да го внесете потребното количество на калциум, па затоа консумирајте повеќе брокула, туна, лосос и соино млеко.

7. Гасови, хронична дијареја, подуеност: Нетолеранција на глутен

Нетолеранцијата на глутен има многу симптоми, но најчести се: Дијареја, опстипација, измет со зголемена миризба, подуеност, болка во стомакот, кожни проблеми, необјасниво губење на тежината и депресија.

Причина: Ако сте нетолерантни на глутен, тогаш производите како леб, тестенини, односно секоја храна која содржи пченица, па дури и козметички производи со оваа состојка, можат да ги поттикнат горенаведените симптоми.

Решение: За полесно да ја држите под контрола вашата нетолеранција кон глутенот, најдобро е горенаведените производи на храна и козметика да ги избегнувате.

8. Сериозна остра болка во горниот десен дел од стомакот и под рамото: Камен во жолчното ќесе

Не е лесно да се забележи присуството на камен во жолчното ќесе. Вообичаено за нивното присуство, личноста станува свесна, откако тие ќе се воспалат и ќе бидат сместени во еден од каналите преку кои се пренесуваат дигестивните сокови до црниот дроб. Во тој случај, симптомите ќе бидат: Тешка и ненадејна болка во горниот десен дел од стомакот, треска, треперење и гадење.

Причина: Постојат неколку фактори на ризик кои можат да предизвикаат формирање на камење во жолчното ќесе: Прекумерена тежина или дебелина, предолго седење, бременост, конзумирање храна со високо количество на маснотии и лош холестерол, не јадете храна доволно богата со хранливи влакна,, наследен дијабетес, земање лекови кои содржат естроген, контрацептивни или лекови за хормонска терапија.

Решение: За да ја спречите појавата на жолчни камење, треба да следните едноставни правила: Редовно консумирајте ги оброците, водете сметка за вашата тежина, а доколку сте на диета, изберете некоја здрава, бидејќи и пребрзото губење на тежината исто така може да ја предизвика нивната појава.

8. Болка во долниот десен дел од стомакот: Апендицит

Воспалението на апендикост најчесто се нарекува апендицит и истиот се смета за многу опасен, за што е потребен итен и соодветен медицински третман. Симптомите на ова воспаление може да бидат болка во долниот десен дел од стомакот, негово отекување, висока температура и невозможност да се ослободат гасови.

Причина: Причини за настанува на апендицит: Блокирани отвори во апендиксот, зголемени ѕидни ткива поради инфекција на гастроинтестиналниот тракт, паразити кои го заразуваат апендиксалниот лумен или пак, како резултат на оштетување на стомакот.

Решение: Апендицитот не може да се спречи. Но, воедно, помали се шансите да се појави кај луѓе кои се хранат здраво и јадат храна со големо количество на хранливи влакна, како свежо овошје и зеленчук.

Доколку мислите дека имате апендицит, веднаш обратете се до вашиот лекар.

Дополнително, прочитајте и за болка во желудникот, каде ќе добиете дополнителни природни решенија за тоа како да ја третирате болката во стомакот, каква храна да консумирате во зависност од видот на болката и во кој случај да се обратите на лекар.