Со самиот факт што веѓите играат значајна улога во целокупниот изглед, можете да бидете сигурни дека денес повеќето луѓе вложуваат огромен труд, истите да изгледаат беспрекорно и погламурозно.

Во секаква форма, здебелени, преуредени со различни козметички производи, како и шминка наменета специјално за таа фацијална карактеристика, луѓето постојано се во потрага по нов и оригинален тренд.

Најновиот тренд со кој луѓето се опседнаа во изминатиот период се т.н „Месечина“ веѓи, кои го освоија срцето на многумина љубители на убавината и модата.

Шминкерката прво стана позната по тоа што ги измисли веѓите во форма на чевли со висока потептица, а сега повторно се порслави со многу поуникатен дизајн.

Идејата потекнува од девојката по име Хејлеј Бјуи, која веќе на својот Инстаграм профил има повеќе од половина милион следачи. Таа е основач на козметичката компанија „Хејлеј Козметикс“.

На изненадување на сите, колку и реалистично да изгледаат „Месечина“ веѓите, импресивниот дизајн воопшто не го нацртала Хејлеј, ниту пак ги нацртал било кој друг.

Веѓите всушност се компјутерски дизајн на нејзиниот пријател, 20-годишниот Стефан Џејмс, сопственик на моделската агенција „Скајз“.

Зборувајќи за Унилед, Стефан објаснува како дошле до идејата за месечевите веѓи:

„Хејлеј ја обожава Месечината, при што таа и нејзиниот свршеник дури имаат исти тетоважи од Месечина. А бидејќи јас сум експерт за уредувањето на фотографиите, само Месечината ја претворив во варијанта на веѓа. Некои ги сакаат, некои ги мразат, но веѓите се дизајнирани чисто од забава. Јас ја обожавам креативноста и мислам дека оние кои не го сакаат трендот, воопшто не ги сакаат ни трендовите“- вели Стефан.

Дали вам ви се допаѓаат „Месечина“ веѓите?