Ако барате лесна, а превкусна идеја што ново да им приготвите на вашите најблиски, различно од класичното, тогаш следниот уникатен рецепт со компири е и повеќе од идеалното решение!

Сендвичи од рендани компири

Ако барате лесна, а превкусна идеја што ново да им приготвите на вашите најблиски, различно од класичното, тогаш следниот уникатен рецепт со компири е и повеќе од идеалното решение!
Вкупно време1 час
Оброк: Вечера
Кујна: Мексиканска
Клучни зборови: печени компири, сендвичи
Порции: 4

Состојки

  • 6 компири
  • 3 моркови
  • 2 кромида
  • 5 јајца
  • 100 гр шунка
  • 200 гр сирење
  • 50 гр кашкавал
  • 150 гр моцарела
  • Половина кафена лажица сол
  • Половина кафена лажица мелен црн пипер
  • Половина кафена лажица рузмарин
  • 3 супени лажици кечап

Начин на подготовка

  • Крупно изрендајте ги морковите и компирите, а потоа кон истите додадете ги зачините и кромидот. Добро измешајте и додадете сол, мелен црн пипер и рузмарин. Изматете ги и јајцата и додадете ги.
  • Добиената смеса рамномерно распоредете ја врз хартија за печење и поставете ја да се пече 30 минути на 170°C.
  • Исечете ја готовата основа на квадрати, како за сендвич и секое од парчињата премачкајте го со крем сирење, а одозгора поставете парчиња шунка и кашкавал. Одозгора нанесете рендана моцарела.
  • Готовите сендвичи поставете ги на хартија за печење и поставете ги да се печат 15 минути на 180°C. Сервирајте ја вечерата додека е топла.