Овој десерт е вистинска фантазија за непцата, а се приготвува многу брзо и лесно, воедно нема простор за ризик од грешки, а на крај задоволството е чудесно!

Слаткиот специјалитет е одлична идеја како да ги изненадите вашите најблиски, а може да го приготвите во било кое време.

Потребни состојки

  • Бисквити
  • 100 гр шеќер
  • 150 гр маскарпоне
  • 200 гр путер
  • 2 пакетчиња ванила
  • 3 супени лажици рум, бренди или виски, а може и ракија
  • 3 супени лажици нескафе
  • 150 мл вода
  • 4 супени лажици какао

Начин на подготовка

Најпрво пригответе го филот. За таа цел, потребно е да го измешате шеќерот со путерот и маскарпонето. Откако добро ќе ги измешате овие состојки, додадете ја и ванилата.

Во правоаголен сад, поставете алуминиумска фолија, која подоцна ќе ви биде потребна за завиткување на целиот десерт.

Во друг сад, растворете 3 супени лажици нескафе со топла, но не и врела вода. Потоа, во истото додадете 3 супени лажици од алкохолот кој сте го избрале. Секоја бисквита поединечно потребно е да ја потопите во овој раствор, а веднаш потоа истата да ја поставите во садот обложен со алуминиумската фолија. Не е потребно бисквитата предолго да ја оставате во течноста, за да истата не се распадне.

За подобра ефикасност, фотографијата нека ви послужи за ориентација.

Подредете ги на тој начин бисквитите, така што ќе го покриете целиот сад. По ваша желба, користете колку бисквити сакате т.е ќе би бидат потребни повеќе бисквити доколку садот во кој ги поставувате е поголем. Но, истовремено не заборавајте дека повеќе бисквити значат и повеќе кафе и фил, па затоа претходно подговете ги состојките според план.

Откако ќе ги наредите бисквитите во садот, одозгора нанесете го филот. Со помош на шпакла, добро распоредете го филот на целата површина. Следно, завиткајте го десертот, користејќи ја алуминиумската фолија.

Садот со десертот поставете го ладилникот и оставете го да отстои така 3 до 4 часа, со цел самиот фил подобро да се затегне.

Кога филот ќе стане тврд, извадете го готовиот десерт од садот и поставете го обратно, така што филот ќе се најде на дното, а бисквите сега ќе бидат одозгора.

На површината на десертот посипете какао.