Седумте најголеми трендови за Есен 2019-та година

Трендовите за есента 2019-та година веќе пристигнаа, а во прилог погледнете која комбинација највеќе одговара со вашиот моден дух.

Во новите колекции може да видиме дека дизајнерите си го одржаа ветувањето од Модната недела во 2010-та, велејќи дека ќе предност ќе и дадат на разновидноста.

Под начело токму на таа разновидност се дизајнирани најновите колекции. Па така на сцена беа забележани темно-романтични концепти на Валентино, Пако Рабан и Ердем и улогата на злобните кралици на ревиите на Ком де Гарсон и Андеркавер.

Измеѓу темното и гламурозното, се протнаа дизајни на храбрите принцези кои против темниот гламур ќе се изборат со светли бои, цветни принтови и нежна чипка, кои секое по себе зрачи со префинета моќ.

Еве ги 7-те најголеми трендови за следната дождена сезона:

1. Впечатлив капут

Класичните капути од едноставен материјал и вообичаен тон оваа есен оставете ги настрана. Време е за нешто повпечатливо. Инспирирајте се од овој изглед на модната куќа Сакаи:

2. Ексцентрично- романтичен изглед

На вашата темна комбинација додадете розев зачин, по примерот на Александар Меквин:

3. Костимите ододамна не се машка работа, туку женска моќ

А модната куќа на Живанши ви дава зелено светло да заблескате во супер елегантен костим оваа есен.

4. Убавицата и ѕверот

Прада ви вели дека нема ништо страшно да изгледате малку ‘страшно’.

5. На модерниот изглед, додај ретро шарм

На вашиот личен стил дадете му ретро трансформација, а за инспирација послужете се од есенската колекција на Селин.

6. Мултифункционлен плетен изглед

По стапките на Ботега Венета, плетените парчиња добија нова трансформација

7. Додај му волумен на волуменот

Зар има подобар начин да бидете забележани? Модната куќа Родарте вели дека нема

 

Советите се земени од едно од најпознатите модни списанија во светот: „Вог“.

 

 

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *