Во 2021 година веќе не го прифаќаме минимумот. Под минимум подразбираме, ако вашиот сакан  не е подготвен да ризикува жвотот и да излезе во снежна бура само за да ја добиете вашата омилена закуска. Ако не го прави тоа за вас, можеби ќе сакате да ја преиспитате вашата заедничка иднина.

Една личност која не треба да ја преиспитува нејзината врска е Меган од Сент Луис, Мисури, позната како  Симур Симер на YouTube.

На неодамнешното видео поставено на нејзиниот канал, со наслов „Мојот сопруг го ризикуваше животот за виршли“, Меган сподели извештај од вести во кој нејзиниот партнер се гледа во снежната бура додека се обидува да купи виршли.

Станува збор за испржена виршла на стапче, обвиткана со тесто која е добро позната брза храна кај американците.

Нејзиниот сопруг, по име Том, му раскажува водителот на вестите: „жена ми сакаше виршли, па јас го ископав автомобилот од снегот за да одам и да ги купам за неа“

Навидум непогоден од екстремните временски услови, тој рече: „Снегот како овој навистина не ми е ништо ново“.

Според извештајот на вестите, продавниците за храна во градот беа принудени да се затворат поради неповолни временски услови, но за среќа сопругот на Меган успеа да стигне таму навреме.

Наскоро по објавувањето на смешната снимка, Меган започна да добива коментари од луѓе кои ја споделуваат нејзината забава и коментираат за слаткиот гест на нејзиниот сопруг.

Објаснувајќи што се случило, Меган во коментарите напиша:

Живееме непосредно надвор од Св. Луис и вчера имавме огромна снежна бура. Му реков на мојот сопруг дека сакам виршли и тој, како прекрасниот сопруг  што е, слезе во самопослуга да ми набави неколку виршли. Локалните вести беа таму и мојот сопруг мораше да објасни што прави … Не можам да престанам да се смеам.