На 18-годишната Емалуис Легат од Шкотска животот и се променил буквално преку ноќ.

Емалуис е тинејџерка која живее во шкотскиот град Глазгов, има 18 години и е веќе мајка на едно девојче. Пред околу 8 месеци, една вечер си легнала, а утрото ја разбудиле силни болки, но уште позачудувачки било кога Емалуис го здогледала својот стомак.

Таа била бремена и породилните болки веќе биле започнати. На оваа девојка животот навистина и се променил преку ноќ, како што вели самата таа, си легнала со рамен стомак, а утрото таа веќе била во крајна фаза од својата втора бременост.

Нејзината 63-годишна баба, Луиз Форд брзо ја одвела својата внука во најблиската болница, но не стасале токму на време, па Емалуис, во нивниот автомобил, на паркингот од болницата, на свет ја донела својата втора ќерка, Сиера.

Девојчето се родило по само 45 минути откако нејзината мајка, Емалуис, дознала дека е бремена.

Оваа млада мајка тврди дека редовно користела контрацепција, но и дека во однос на нејзината втора бременост воопшто ги немала типичните утрински мачнини или преголемиот апетит за храна, ниту пак некогаш ги почувствувала движењата на бебето во стомакот, односно Емалуис воопшто ги немала симптомите што би требало да ги има една бремена жена.

Самата таа признала дека била во шок: Се беше толку нереално. Дури и баба ми беше толку шокирана што не и се веруваше. Но, пресреќни сме што бебето се роди здраво и дека се е во ред.

Девојчето се родило целосно здраво, а зошто младата мајка не ги искусила симптомите, поради кои и не забележала дека е бремена, докторите велат дека причината е поради положбата на фетусот, односно бебето било поставено во близина на долниот дел од грбот.

Емалус, заедно со нејзиниот партнер, 19-годишниот Шон Ламонт, по втор пат станаа родители.