Оваа ракошна куќа со 4 спални и мал прекрасен двор веќе одмана стои на огласите за продажба од агенциите за недвижност, а истата е сместена во Луизијана, САД. Најинтереснотот е што имотот всушност се подарува!

За истиот не е потребно да плаќате ниту цент. Но, сепак и покрај тоа, никој не сака да го купи. Причината за тоа е што наоколу кружат гласини дека имотот е опседнат од духови и токму затоа досега никако не се наоѓа кандидат за оваа куќа.

Куќата најпрво се продавала, но потоа брокерите одлучиле на Фејсбук да објават дека имотот се подарува, надевајќи се дека на овој начин ќе ги заинтересираат луѓето, но настанал проблем откако поранешни сопственици на куќата започнаа да оставаат коментари во кои раскажуваат за нивните лични чудни искуства на овој имот, со што на еден начин ги потврдуваат гласините.

Според историските податоци, имотот во 20-те и 30-те години на минатиот век бил користен како дом за стари лица, а една од тамошните жители, тврди дека духот кој ја опседнува куќата е оној на нејзината прабаба.

Агенциите се надеваат дека со тоа што ја подаруваат куќата, ќе го решат проблемот, но засега ниту еден заинтересиран купувач ги нема контактирано.