Ова е една многу интересна приказна со важна поука. Прочитајте ја внимателно и со задоволство.

„Многу работи се случија во животот на Арина. Но, таа секогаш верувала дека во добрите работи. Така, се омажила за Дими, кој важел за скромно и сиромашно момче. Но, парите не биле од голема важност за девојката.

Дими потекнува од сиромашно семејство, а сама го израснала неговата мајка, бидејќи неговиот татко пред многу години ги напуштил и никој не знаел каде е, ниту пак што се случило со него.

Момчето и мајката целиот живот едвај сврзувале крај со крај.

Откако ја запознал Арина, толку многу се вљубил во неа, при што ја освоил со својата тврдоглавост, но и искрена љубов, а откако стори се за да ја освои, и Арина се вљуби неизмерно во него.

По венчавката, младиот брачен пар се всели да живее заедно со мајката на Дими, а семејниот живот беше вистинска идила.

Свекрвата, својата снаа ја сакаше со сето свое срце, а животот течеше спокојно и без проблеми, со што сите беа фокусирани на работата и домот. Таа совршена слика траеше се до еден ден, кога се се промени.

Кај семејството на посета дошол еден адвокат, кој порано соработувал со таткото на Дими.

Адвокатот ги известил дека таткото починал и на Дими му оставил огромно наследство во Италија, недвижен и подвижен имот и неколку сметки во различни банки.

Дими требаше да отиде во Италија да за го потпише преземањето на наследството, па и покрај тоа што не беа во најдобра финансиска состојба, се снајде и собра пари и тргна на пат.

Во Италија, момчето останало повеќе од 6 месеци, а неговата сопруга и мајка помислиле дека тој ги заборавил и дека веќе никогаш нема да се врати.

На крајот, во домот се вратил млад и убав човек, полн со самодоверба. Тоа бил Дими. Не сакајќи да губи време со процедурите за наследството кои требале да траат со години, Дими решил да продаде се што може, да ги заштеди парите и да се врати кај својата сакана и онаму каде што припаѓа.“

Приказната зборува за тоа колку е непредвидлив животот и дека секогаш треба да останете со вашиот партнер, и покрај се, како што останала Арина со него и во добро и во зло, бидејќи безусловната љубов е вистинскиот победник.

Воедно, Дими цел живот бил сиромашен и одеднаш БУМ- станал единствен наследник на големо богатство. Затоа никогаш не треба да се губи надеж дека добрите нешта допрва ќе дојдат.