Појадокот е најважнот оброк од денот, кој не треба да го пропуштиме, а според нутриционистот Сара Елдар, неопходно е појадокот да биде балансиран, за да се зголеми нивото на енергија на самото тело.

Токму следниот рецепт за здрав појадок е совршената можност за идеален почеток на денот, кој ќе ви помогне правилно да ги согорите калориите, да му дадете енергија на вашето тело, а воедно и ефикасно да го регулирате холестеролот, нивото на шеќер во крвта и да се ослободите од вишокот килограми.

Во продолжение прочитајте како да го подготвите истиот.

Домашен напиток за регулирање на холестерол и шеќер во крвта

Потребни состојки

  • 1 шолја овес
  • 4 супени лажици семиња од чиа
  • 2 чаши вода
  • 2 супени лажици мед
  • 1 кафена лажица цимет

Начин на подготовка и употреба

Исипете ја водата во сад, додадете го циметот и веднаш штом водата ќе започне да врие, намалете ја топлината и додадете го овесот. Варете 5 минути, а потоа отстранете го садот од оган. Покријте го и оставете го да отстои 5 минути.

Промешајте и додадете ги семињата од чиа и медот и насладувајте се на вкусниот појадок!