Секој заслужува да испие пијалок на мир, но некои луѓе очигледно не го разбираат ова. Корисничка на Твитер откри како шанкерот ѝ помогнал кога добивала непосакувано внимание.

Во објава на Твитер, девојката откри како шанкерот, наречен Макс, дискретно комуницирал со неа и на крај го решил проблемот.

На младата девојка ѝ се „закачил“ маж за кој таа не била заинтересирана, а шанкерот многу јасно можел да види дека на девојката ѝ е напријатно и се обидува да излезе од ситуацијата. Тој и подал ливче што навидум изгледало на сметка, но на ливчето пишувало: „Ако овој тип те вознемирува само префрли ја косата на другото рамо и јас ќе го избркам“.

Девојката го сторила тоа и Макс го избркал мажот велејќи му „да не додева на девојки кои очигледно не се заинтересирани“.

Овој чин на Макс беше поздравен од интернет корисниците, а објавата им се допадна на околу 200 000 Твитерџии.