Психологот Питер Пирсон, кој раководи со Институтот за парови во Калифорнија и кој целата своја кариера ја посвети на решавање на честите љубовни проблеми, тврди дека само едно нешто гарантира стабилна и успешна врска.

Тоа се основни вредности. Поточно, важно е со партнерот да ги споделувате истите основни вредности.

„Тие се поважни од возбудата што ја чувствувате кога ќе запознаете некого на почеток, со кого споделувате чувство на привлечност, затоа што тие хормонални реакции ќе избледнат со текот на времето, а заедничките вредности ќе преживеат. “- вели Пирсон.

Тој вели дека интересите можат да бидат предмет на компромис, но не и вредностите. Доколку сакате да одите во природа за викенд, а вашиот партнер сака да останете дома и да подготвувате вечера за пријателите, можете да направите компромис и да се согласите да ја исполните неговата желба тој викенд, а вашата следниот.

Меѓутоа, ако сакате деца, а вашиот партнер експлицитно ја отфрла оваа идеја, тогаш станува збор за несогласување во однос на основни вредности, што може да доведе до проблеми во врската.

Затоа е важно кога влегувате во љубовни врски треба да ги земете предвид сопствените и вредностите на личноста за која сте заинтересирани, така што вашите светови не се судираат во иднина.