Секој кој практикува здрав начин на живот и го негува своето тело, знае дека од витално значење за нашето здравје е организамот редовно да се прочистува од токсини.

За таа цел, за денес ви подготвивме еден лесен и вкусен рецепт за целосна детоксикација на телото, покрај тоа, кој воедно има и ефект на слабеење.

Домашна смеса за моќно прочистување на телото

Потребни состојки

  • 150 гр суви сливи
  • 150 гр суво грозје
  • 5 шолји врела вода

Начин на подготовка

Сварете 5 шолји вода, а потоа додадете ги сувите сливи и сувото грозје, а потоа оставете ја смесата да се вари дополнителни 15 минути.

Отстранете ја од оганот и оставете ја добро да отстои.

Начин на употреба

Од добиената смеса консумирајте по 1 супена лажица на празен стомак секојдневно и ќе успеете брзо и лесно да ги отстраните сите наталожние токсини во вашето тело. Ова домашно средство, без сомнеж, е едно од најефикасните и за ослободување од опстипација.

Во текот на неколку дена по практикувањето на третманот, ќе ги забележите првите пријатни резултати.