Рускиот уметник и скулптор Салават Фидаи поседува исклучително уникатен талент, создавајќи минијатурни скулптури на врвовите од моливите, наместо да ги црта.

Тој внимава на секој ситен детаљ, при што неговите минијатурни ремек-дела веќе ги освоија срцата на илјадници луѓе ширум светот. Односно, Фидаи веќе има неверојатни 767.000 следаќи на неговиот Инстаграм профил.

Неговите дела веќе беа изложени во Лондон, Лос Анџелес, Сингапур, Санкт Петербург и многу други метрополи.

Погледнете колку е тежок процесот за креирање на минијатурна гитара

Скулпторот има и својот Јутјуб канал, каде поставува видеа од изработките

Во поголемиот дел од времето, мора да користи и микроскоп при изработките

Фидаи има сопствено студио во градот Уфа, Русија

Само погледнете колку е минијатурна неговата работа

…И колку се прецизни деталите

Фидаи вели дека мора да го контролира и своето дишење при изработувањето. А самата работа ја споредува со медитација

Потребни му се од 8 до 12 часа за една скулптура. Често, за одредени фигури потребни се и денови

Просечната цена на една негова скулптура изнесува околу 1000 евра

Целиот процес може да го погледнете тука

Сите неговите дела се врвни и тешко е да се избере само едно, па еве дел од неверојатните резултати:

1. Војната доаѓа

2. Логан

3. Дракарис

4. Г-дин Претседател

5. Одење по Месечината

6. Која социјална платформа најмногу ви се допаѓа?

7. Арја

8. Стормтрупери

9. Во виното е вистината, а во водата- здравјето

10. Змејот е роден

11. Бурж Ал Араб

12. Мал човек со голема сенка

13. Држење на раце

14. Црната роза

15. Дарт Вејдер

16. Црно или бело?

17. Змејот

18. Фламинго

19. Железен престол