Ви имаме покажано разни рецепти за мека и сочна баница, но многумина претпочитаат тестото да биде препечено и крцкаво. Затоа денес ви го претставуваме овој извонредно лесен рецепт.

Ролати со крцкава кора – Совршена замена за класичните банички, готови за брзо време

Ви имаме покажано разни рецепти за мека и сочна баница, но многумина претпочитаат тестото да биде препечено и крцкаво. Затоа денес ви го претставуваме овој извонредно лесен рецепт.
Вкупно време30 минути
Оброк: Breakfast
Кујна: Italian
Клучни зборови: банички, сирење, ролат, баница
Порции: 4

Состојки

  • 1 пакет готови кори за баница
  • 300 гр сирење
  • 2 јајца
  • 200 гр кисело млеко
  • масло за готвење

Начин на подготовка

  • Подгответе го филот: Во сад изматете ги јајцата и измешајте ги заедно со
    сирењето и киселото млеко.
  • Внимателно одвиткајте ги корите на работната површина и премачкајте ја првата кора со масло за готвење.
  • Пресвиткајте ја истата на половина, поставете малку од филот и завиткајте ја во форма на ролат, но без многу да го затегнувате тестото.
  • На овој начин оформете ги сите преостанати кори, а потоа подредете ги една до друга во сад, претходно премачкан со масло.
  • Поставете ги баничките да се печат 20 минути во претходно загреана рерна на 180°C.