Малините се едни од најароматичното сезонско овошје. Покрај тоа што се корисни за нашето здравје, благодарение на истите, може да се подготвата едни и од највкусните летни десерти!

Малините се едно од најароматичното сезонско овошје. Покрај тоа што се корисни за нашето здравје, благодарение на истите, може да се подготват едни и од највкусните летни десерти!
Вкупно време45 минути
Оброк: Десерт
Кујна: Медитеранска
Клучни зборови: малини, ролат, ролат со малини
Порции: 4

Состојки

За пандишпанот

  • 125 гр шеќер
  • 4 јајца
  • 125 гр брашно
  • За премачкување масло
  • За нанесување шеќер во прав
  • По желба нане за декорација

За филот

  • 200 гр течна павлака
  • 2-3 супени лажици шеќер
  • 250 гр малини

Начин на подготовка

  • Во соодветен сад измешајте ги шеќерот и јајцата, до целосно растопување на шеќерот. Следно, додадете го и пресеаното брашно и добро измешајте ги состојките до добивање на хомогена смеса.
  • Премачкајте плиток правоаголен сад за печење со масло и поставете хартија за печење. Врз истата се нанесува смесата за пандишпанот, се распоредува рамномерно и се пече 10-15 минути на 200-220°C. Потоа оставете го пандишпанот да се излади и отстранете ја хартијата.
  • Пригответе го филот така што добро ќе ги изматите павлаката и шеќерот, а потоа кон смесата додадете ги и малините и добро измешајте.
  • Врз изладениот пандишпан, рамномерно нанесете го филот и внимателно завиткајте го ролатот. Нанесете шеќер во прав врз ролатот и декорирајте со малини и свежи листови од нане, по желба.