На сите фотографии на кои можеме да ја видиме покојната принцеза Дијана, сите ќе се согласат дека таа секогаш изгледаше совршено.

Како и секоја дама, член на кралското семејство, така и принцезата Дијана се придржувала кон одредени строги правила, за да во секој момент изгледаше така- Силна, но нежна, која ќе ги привлече погледите на сите присутни.

Од неодамна, нејзината лична шминкерка Мери Гринвел, ги откри тајните за убавина на принцезата, а истите можете да ги прочитате во продолжение:

1. Кожа

„Таа имаше неверојатно мека и мазна кожа, а тоа се должеше на нејзините гени.“- признава Гринвел. Но, гените за принцезата Дијана немале никакво значење и секогаш вложувала огромен труд во домашна нега на кожата, при што домашните третмани вклучувале прочистување на кожата, соодветно навлажнување, нанесување серуми и се подразбира, користела многу креми со заштитен фактор.

Шминкерката открива дека принцезата Дијана долги години се борела и со розацеа, но сепак на фотографиите таа состојба и не се приметува толку.

2. Квалитетен сон

Принцезата Дијана посветувала посебно внимание на сонот. „За да нејзината кожа секогаш биде свежа и еластична, Дијана одделуваше квалитетно време за спиење.“- вели нејзината шминкерка.

3. Сè умерено!

„Ова беше едно од златните правила на Дијана“- открива Гринвел. Принцезата Дијана сè што правела, го правела умерено, држејќи се до строгите препораки на експертите. Таа не консумирала алкохол и правела сè во името на совршената и беспрекорна кожа. А општо познато е дека алкохолот доведува до дехидрација на кожата. Исто така, принцезата никогаш не пушела цигари.

4. Очна линија

Принцезата Дијана е онаа која ја популаризираше очната линија, односно немаше настан, а таа да не се појави со молив или сенка на очите, кои неверојатно многу го истакнуваа нејзиниот синоок поглед.

Правилото кое го следела принцезата е многу едноставно: Никогаш не ставајте молив на очите кој е во иста боја како самите очи. За да ги истакнете истите, секогаш избирајте контрастен тон.

5. Спорт

Принцезата Дијана го обожавала спортувањето, при што долги часови поминувала во фитнес салата, притоа често практикувала танцување, а меѓу нејзините омилени активности спаѓало и скијањето.

6. Парфем

Парфемот бил модниот додаток без кој принцезата Дијана никогаш не излегувала надвор, а истиот секогаш се наоѓал во нејзината чанта. Нејзините два омилени парфеми биле „Hermes 24 Faubourg“ и „Diorissimo“ од француската модна куќа Диор.

7. Фризура

За разлика од долгите и волуменозни фризури, карактеристични за 80-те години, принцезата Дијана блескаше со отмена кратка коса. Изборот на кратка коса настанал во еден момент кога снимала фотосесија за Вог и тогаш Дијана го замолила тамошниот фризер храбро да ја трансформира нејзината коса во кратка.

Во случаите, кога принцезата немала време да го посети фризерскиот салон, едноставно ставала елегантна шапка и повторно изгледала совршено!