Во случај да не сте знаеле, Меган Маркл е одличен готвач. Сепак, само нејзините најблиски пријатели имаат можност да ги пробаат нејзините специјалитети.

Иако е познато дека Меган Маркл најмногу ги сака јаглехидратите, здравата храна  сепак е нејзин приоритет. Нејзиниот негуван изглед и витка линија се должат на посебен режим, а голема заслужност за тоа има и следниот домашен напиток.

Благодарение на истиот, војвотката се врати многу брзо во форма по породувањето, а со истиот го започнува секој нејзин ден. Прочитајте во продолжение како може да го приговите:

Домашниот напиток за слабеење на Меган Маркл

Потребни состојки:

  • Пире од акаи (овошно пире од замрзнати бобинки на акаи)
  • 1/3 шолја бадемово млеко
  • Половина банана
  • Замрзнати бобинки
  • Кокосови снегулки

Начин на подготовка:

Додадете акаи пире, 1/3 шолја бадемово млеко и половина банана во блендер и добро измешајте ги состојките, до добивање на кремаста смеса, а потоа истата додадете ја во друг соодветен сад, односно чаша. На крај, одозгора нанесете ги кокосовите снегулки, замрзнатите бобинки и декорирајте со половина исечена банана.