Доколку досега сте биле скептични и не сте ги премногу обожавале десертите со јаболка, тогаш следниот рецепт можеби ќе ви го промени мислењето!

Дури и да не ги сакате штрудлите или питите со јаболка, оваа „Јаболкова Шарлота“ ќе ви го освои срцето! Сочна, мека и со многу нежна текстура, а притоа совршен вкус и мирис од комбинација на јаболко и цимет.

Јаболкова Шарлота

Потребни состојки

  • 1 кг јаболка
  • 200 гр шеќер
  • 160 гр брашно
  • 5 јајца
  • 2 супени лажици нишесте
  • 1-2 кафени лажици цимет во прав
  • 5 супена лажица сок од лимон
  • 1 кафена лажица пециво
  • 1 кафена лажица ванилин шеќер
  • Прстофат сол
  • Шеќер во прав за поросување на колачот

Начин на подготовка

Измешајте ги белките со сокот од лимон (1 кафена лажица) и прстофат сол, до добивање на цврста пена.

Кон жолчките додадете го брашното и пецивото и добро измешајте ги состојките. Потоа, постепено започнете со додавање на белките во оваа смеса, а притоа за мешањето користете дрвена лажица. Не употребувајте миксер.

Мешајте ги состојките во насока од долку кон нагоре, за да се зачува структурата на пената.

Излушете и исчистете ги јаболката од семиња. Исечете ги на тенки парчиња и лесно поросете ги со сокот од лимон (околу 1 супена лажица). Следно, додадете ги циметот и нишестето и добро измешајте ги состојките.

Во сад претходно премачкан со масло, исипете половина од добиеното тесто и додадете ги јаболката, притоа распределувајќи ги подеднакво насекаде. Покријте го овошјете со остатокот од тестото и печете во претходно загреана рерна на 180°C, околу 45 минути.

Кога десертот ќе биде готов, почекајте истиот да се излади, а потоа одозгора нанесете од шеќерот во прав.

Пријатен апетит!