21-годишната претприемачка која троши 11.000 евра само за чанти, сега имаше можност да види како живеат луѓето кои не знаат за луксузен живот.

Сузана има 21 година и доаѓа од Кенсингтон, Лондон. Живее во трисобен апартман за кој месечно плаќа кирија од 2300 евра. Само за дизајнерски чанти одделува околу 11.000 евра, без да се сметаат и нејзините луксузни излегувања по ноќните клубови, како и скапите естетски третмани за убавина.

Сега, за целите на британската емисија “Богатите деца стануваат сиромашни” (анг. “Rich Kids Go Skint”), во епизодата која ќе се емитува оваа вечер, Сузана ќе и се придружи на самохраната мајка, Лиа која доаѓа од Стафорд, која работи 70 часа неделно и тоа не е доволно за да заработи за чесен живот за неа и нејзиниот син.

Епизода започнува со Сузана претставувајќи ја својата луксузна колекција на чанти, која вклучува парчиња од Гучи и Стела Мекартни, при што разгалената богаташка вели:

“Ги сакам убавите нешта. Уживам во нив. Една од моите слабости се чантите…скапите чанти!”

Таа никогаш не го напуштила богатиот дел од Лондон и никогаш не излегла од високите кругови, да се прошета и да ги запознае останатите делови од В.Британија. Но, затоа пак ги обожава луксузните патувања, и само оваа година, досега, патувала со авион дури 45 пати.

Сепак таа била возбудена за нејзиното учество во емисијата:

“Сакам да видам како живеат луѓето со помалку животни привилегии од мене и да научам нешто од нивните приказни”– изјавила Сузана

Од друга страна, учествува самохраната мајка Леа, која работи како фитнес инструктор, рецепционер и здравствен работник и како што вели таа, понекогаш ни сето тоа не е доволно. Последен пат на одмор била пред 3 години, а заштедата останува само за дожделивите денови.

По вселувањето на Сузана во скромната куќа на Леа, Леа и покажува на богатата девојка како може да си направи фризура и дома, без да посетува фризер или пак да отиде на некој поевтин, при што најпрво ја води Сузана да си направи фризура за само 10 евра, за разлика од илјадниците евра што истата ги дава вообичаено на нејзините приватни стилисти.

Но, она што најмногу ја шокираше богаташката беше евтиното излегување. Таа признава дека во богатото соседство плаќа 18 eвра од пијалок и за многу кратко време троши 100 евра, а притоа забавата не е ни при крај.

Затоа сега скромната Леа ја одведе во локалното кафуле, каде вкупно потрошиле 8 евра, бидејќи во локалот тој ден имало попусти за студентите секоја недела, па така и сите останати кои живеат со мал буџет, успеваат да се забавуваат, без да потрошат многу.

И покрај нивните драстични разлики, Леа и Сузана во текот на емисијата стануваат блиски пријателки, а самата Сузана била импресионирана од работните навики и скромноста на ова семејство.

За крај, Сузана била многу благодарна за искуството, при што и ветила на самохраната мајка дека кога нејзиниот син ќе наполни 17 години, таа лично ќе ја плати неговата возачка дозвола.