Секогаш отмена и елегантна, сопругата на шпанскиот крал, секогаш умее да ги освои погледните на присутните, каде и да се појави.

Таа секогаш фасцинира со нејзините елегантни модни комбинации, а овој пат, на еден настан во Мадрид, кралицата остави посебен впечаток, носејќи бел фустан со есенски мотиви и кафеаво палто.

Нејзината комбинација веднаш ги освои срцата на фановите, а рамнодушни не останаа ниту критичарите.

Како ви се допаѓа уникатниот изглед на кралицата Летиција?