Честопати поради секојдневните навики и изложеноста на разните надоврешни фактори на влијание, нашата кожа, особено кожата на рацете и дланките станува почувствителна, а со тоа и посува и груба. Но, без грижи, токму денес ви го откриваме најдоброто домашно решение.

Домашен пилинг со кафе

За да го приготвите ова домашно лекарство, неопходно е да измешате половина кафена лажица сол и исто толку количество на талог од кафе. Добиената смеса внимателно нансете ја на вашите раце и масирајте нежно околу 10 минути, а потоа измијте ја кожата со млака вода.

Бонус: Домашен пилинг со сода бикарбона

За да ја приготвите втората верзија на пилингот, измешајте 1 кафена шолја сода бикарбона со 1 лажица гел за туширање или течен сапун за раце. Добиениот пилинг нанесете го на вашите раце и нежно масирајте неколку минути, а потоа исплакнете со млака вода.