Силна заедница на жени се зајакнува кога се поддржуваме едни со други. Затоа што, заедно, ние сме посилни. Еве како да го изградите своето сестринство со неколку брзи и едноставни совети.

Раскажете ја вашата приказна

Ова е особено важно ако сте успешни или имате позиција на високо ниво. Треба да разберете дека гледаме кон вас со восхит. Ве ставивме на пиедестал и ни се чини дека сте недостижни, како да сте родени успешни. Се разбира дека не е така. Напорно работевте за да стигнете денес каде што сте.

Раскажете ја својата приказна, со сите свои падови и успеси. Зборувајте за вашите победи, но споделете ги и загубите и грешките. Бидете сестрани и искрени. Жените треба да ја знаат вашата приказна за да можат да ја заборават бајката од нивните умови. Кога ќе видат дека патот по кој сте поминале многу наликува на оној по кој се движат, тие ќе почнат да веруваат дека имаат моќ да ги постигнат своите цели.

Застанете зад жените

Кога ќе видите дискриминација, не молчете. Не укажувајте дека само постои, објасни зошто дискриминацијата е лоша и какви последици може да има. На пример, да не ја добиете најдобрата личност за работа, да не го одржувате своето место на пазарот, да ги отуѓувате клиентите, да ја нарушите репутацијата на бизнисот. Но, не оставајте го фокусот на негативно. Наместо тоа, понудете подобра алтернатива, без разлика дали станува збор за жена способна да ја заврши работата или промена на системот за да стане поправеден. Не грижете се за развој на репутација на гласна личност која се бори за она во кое верува. Тоа е нешто со што треба да се гордееме.

 

Споделете ги можностите

Треба да работиме заедно за да се подобриме. Ако сте во лидерска или извршна улога, побарајте жени кои ќе имаат корист од претстојната можност и препорачајте ги. Не мора да бидете во лидерска улога за да откривате нови можности. Ако познавате колешка која би била совршена за нова можност, споделете. Чувајте ги каналите за комуникација помеѓу вас отворени.

Охрабрете ги другите жени

Се двоумиме, се сомневаме во себе  и дозволуваме да не спречи недостигот на доверба. За вас е многу полесно да забележите потенцијал кај друга жена отколку за неа да го види во себе. Охрабрете ги жените да се втурнат кон  нови можности, да аплицираат за унапредувања, да побараат обука, да бараат ментори… Држете ја женската рака кога сака храброст, дајте и ’поттик кога е потребно и продолжете да ја потсетувате на нејзините таленти и способности. Постојат многу луѓе на кои им е лесно да ги повлечат другите надоле, но  треба да бидеме луѓе кои ќе си помагаме при искачувањето нагоре.

Изградете ја вашата мрежа

Барајте жени кои се позитивни, охрабрувачки, силни и решени да им помогнат на другите жени да успеат. Има сила во бројки, особено емоционална сила што ќе е потребна во некоја фаза за да ви помогне да продолжите да стоите испавено, за себе и за другите жени. Изградете силна мрежа, на работа и надвор, и останете во контакт. Потребни сте едни на други.

Колку повеќе работиме заедно и се поддржуваме едни со други, толку повеќе ќе бидеме слушнати. Вашата возраст, вашата улога, вашето искуство – ништо од тоа не е важно.