Денес ви ја откриваме необичната тајна на совршените пржени компирчиња со кои истите ќе станат неверојатно крцкави, а воедно и меки, токму како оние кои може да ги вкусиме во најдобрите ресторани!

Пржени компирчиња

Денес ви ја откриваме необичната тајна на совршените пржени компирчиња со кои истите ќе станат неверојатно крцкави, а воедно и меки, токму како оние кои може да ги вкусиме во најдобрите ресторани!
Вкупно време3 часа
Оброк: Прилог
Кујна: Американска
Клучни зборови: пржени компири

Состојки

  • 3 компири
  • 400 мл вода
  • 1 кафена лажица сол
  • 1 кафена лажица шеќер
  • По вкус сончогледово масло

Начин на подготовка

  • Излупете и измијте ги компирите. Со остар нож или специјално ренде, исечете ги на тенки и еднакви парчиња. Полејте ги со вода, за да не потемнат.
  • Следно подгответе ја маринадата. Додадете 2 чаши вода во длабоко тенџере, притоа додадете и сол и шеќер и добро измешајте. Прецедете ги стапичињата од компир и додадете ги во маринадата.
  • Оставете ги да отстојат таму 20 минути. За ова време водата ќе стане матна. Прецедете ги и поставете ги компирите на хартија. Истите треба да се исушат.
  • Се препорачува и одозгора да поставите салфетки, за побрзо апсорбирање. Потоа поставете ги исушените компири во најлонски плик и оставете ги да отстојат во замрзнувачот 1 час и 30 минути. Може и подолго.
  • Во соодветен сад додадете масло за готвење и загрејте го на највисок оган, а потоа додадете ги замрзнатите компирчиња во маслото. Првите 5 секунди, поставете капак одозгора. Пржете на 2 етапи, на секои 5-7 минути прецедете ги компирчињата.