Лили Брејди има 23 години и се занимава со професионално шминкање. Секогаш била слаба и спортски тип, но во тинејџерските денови престанала со физичките активности и се здебелила. Кога достигнала до 104 килограми станала свесна дека мора нешто веднаш да преземе.

Една година подоцна, таа тежи 69 килограми и се чувствува подобро од било кога. Сега решила својата успешна приказна да ја сподели јавно со надеж дека ќе ги инспирира и останатите и ќе ги поттикне и тие да ја започнат својата животна авантура.

Кога имала најмногу килограми, ја симнала апликацијата ЏС Здравје, апликација развиена од нутриционистката Џесика Сепел и започнала да ги менува од корен своите нездрави навики во исхраната.

Кога одев на училиште, бев многу активна. Играв кошарка и одбојка секојдневно. Но, кога училиштето заврши, завршија и моите спортски активности. Се запишав на теретана која не ја посетив ниту еднаш.”- раскажува Лили

За своето искуство и борбата со килограмите додава дека најтешкиот дел од целиот тој процес е дебелиот темен облак кој надвиснува над мислите.

Преку ден, имав лажна насмевка пред моите пријатели, а ноќите плачев за тоа колку сум несреќна и нездрава. Се ми се чинеше толку нефер, особено кога видиш дека имаш пријатели што исто јадат колку тебе, ама тие не се дебелат.

На апликацијата на која и е бескрајно благодарна, наишла на Инстаграм и веднаш ја симнала.

Започнала однапред да ги планира своите оброци, па дури и започнала да биде возбудена околу тој процес. Оброците биле балансирани, а биле припремани во повеќе, но помали порции. А го исфрлила чоколадното млеко и чипсот од кој била зависна.

Кога го сменила односот кон исхраната и започнала да се чувствува подобро, следен чекор бил повторното зачленување во теретана.

За себе вели дека ова искуство ја променило не само физички, туку и на психолошки план и дека долго време и требало да престане да си го мрази своето тело.

Истовремено, останатите кои допрва ќе го започнуваат својот процес на слабеење ги советува да не се депримираат и да прифатат дека тој процес е бавен и промените не можат да дојдат веднаш. Но, дека кога еднаш ќе се случат, ќе бидат долготрајни.