Софија Лорен е една од ѕвездите за кои многумина ќе се согласат дека изгледа како воопшто да не старее! Со текот на годините, легендарната Италијанка едноставно е поубава од било кога!

Сега таа на дамите ширум светот им ја открива нејзината омилена домашна маска, благодарение на која и на 86 години речиси и да нема видливи брчки, поради моќниот затегнувачки ефект на домашната смеса. Прочитајте во продолжение како да ја подготвите истата.

Затегнувачката домашна маска на Софија Лорен

Потребни состојки

  • 3 кафени лажици глицерин
  • 3 кафени лажици желатин
  • 3 супени лажици пресно млеко со висока масленост
  • 2 кафени лажици зејтин
  • 1,5 кафени лажици овесна каша

Начин на подготовка

Во соодветен сад исипете го млекото и во него растворете го желатинот. Оставете ја смесата да отстои 1 час, до целосно растворање на желатинот, кој инаку важи за најдобриот природен извор на колаген.

Загрејте го желатинот со млекото на водена пареа, притоа внимавајте млекото да не зоврие. Земете 5 супени лажици од вака растоврениот желатин и измешајте го со зејтинот, овесната каша и на крај додадете го и глицеринот. Добро измешајте ги сите состојки заедно, до добивање на една хомогена смеса.

Начин на употреба

Пред да ја нанесете маската, добро исчистете ја областа околу очите. Со помош на четка, нанесете ја смесата во три слоја, еден по друг, односно откако секој слој ќе се исуши, нанесете го следниот.

Оставете ја маската да отстои 10 минути, а потоа внимателно отстранете ја со влажен памучен туфер, без притоа да ја притискате кожата. Повторувајте го третманот 10 дена.

Затегнувачката маска може да ја користите и за вратот и деколтето.