Лимонот и лукот се двете состојки во кујната, кои покрај тоа што се употребуваат во огромен број на јадења и рецепти, тие исто така важат за едни од најлековитите видови на храна.

Веќе и докажано е дека комбинацијата од истите моќно го забрзува метаболизамот, со што домашниот напиток ќе биде ваш чудесен сојузник во борбата против вишокот килограми.

Домашен напиток за забрзување на метаболизам

Потребни состојки

  • 1 литар вода
  • 6 излупени лимони, исечени на парчиња
  • 30 чешниња лук, исечени на мали парчиња

Начин на подготовка

Додадете ги лимонот и лукот заедно во блендер и мешајте до добивање на една соединета кремаста смеса. Потоа додадете ја и водата и поставете ја смесата на оган. Веднаш штом ќе започне да врие, кренете ја од оганот и оставете ја да се излади.

Складирајте го домашниот напиток во ладилникот.

Начин на употреба

  1. Прва доза: Консумирајте по 50 мл на ден во период од 3 недели.
  2. Направете 1 недела пауза.
  3. Втора доза: Консумирајте по 50 мл секој ден во период од 4 недели.

Третманот може да го повторувате на секои 6 месеци. А воедно, покрај забрзувањето на метаболизамот, моќниот домашен напиток ќе ви помогне за прочистување и подобрување на функцијата на црниот дроб, за намалување на холестеролот, за нормализирање на крвниот притисок и зајакнување на имунитетот.