„Откако направив детална анализа на мојот плакар, сфатив дека на чевлите им е потребно обновување. Сама помисла да се збогувам со нив и да ги фрлам ми беше нереална, а нереални беа и цените за хемиско чистење. Тогаш знаев дека е време за неколку добри стари трикови.“

Во продолжение откријте ги резултатитие од истите, а на крај прочитајте и еден многу корисен бонус.

1. Користете антибактеристки влажни марамчиња за да ги исчистите вашите чевли

Кожните чевли можат да се исперат на рака, притоа мора да се биде многу внимателен. По миење на ѓонот, употребете антибактериски влажни марамчиња и секој дел и секое дупче детално пребришете го. Тоа ќе ви помогне да ги дезинфицирате пред да го започнете процесот на нивно обновување.

Само по употребата на влажните марамчиња, вашите обувки ќе изгледаат значително подобро.

2. Употребете сода бикарбона за да вашите обувки бидат повторно бели и блескави

Овој трик е вистинско чудо! Ќе се изненадите од ефектот на сода бикарбоната. Сè што треба да направите е да потопите 2 лажици сода во 1 лажица вода. Нанесете ја смесата на обувките, користејќи четка за заби и оставете да отстои така 30 минути.

Јас ризикував и времето го продолжив на 2 часа. Со секоја наредна минута, моите чевли стануваа сè побели.“

3. Користете тоалетна хартија за сушење на вашите обувки

По процесот на перење и чистење, може ќе се соочите со проблем како да ги исушите вашите чевли, без притоа да оставите жолти дамки на нив. Овој одличен трик се состои во тоа што за таа цел може да употребите весник.

Но, јас отидов чекор подалеку и употребив тоалетна хартија, бидејќи не сакав да ризикувам да останат дамки од мастилото од весникот. Тоалетната хартија е многу посовршена за користење, бидејќи поради нејзината мекост, со истата можете да ракувате и да ја обликувате полесно според формата на чевлите.

4. Употребете гума за бришење, за да ги отстраните дамките од антилопните чевли

5. Измешајте сода бикарбона со бел оцет за да го избелите ѓонот на вашите чевли

Проблемот со некои патики е што нивниот ѓон многу брзо може да се оштети и да апсорбира нечистотии, притоа резултирајќи со жолтеникав изглед. Трикот со пастата за заби не ми помогна, па решив дека е време за употреба на вистинско ефикасен трик.

Потребно е да измешате 1 лажица топла вода, 1 лажица сода бикарбона 1 една лажица бел оцет. Нанесете ја смесата на ѓонот од обувките, притоа употребувајќи четка за заби и така оставете да отстои 15-30 минути.

Резултатите ќе ве направат среќни!

6. Употребете отстранувач на лак за нокти за да се ослободите од црните гребнатини на вашите кожни обувки

Трикот навистина функционира. Само користете го средството внимателно, за да не ја оштетите бојата на чевлите.

Темните гребнатини на вашите обувки може лесно да ги отстраните со помош на ацетон. Едноставно нанесете малку од истиот на памук и нежно притиснете на гребнатините, без триење.

Тоа ми помогна да се ослободам од малите гребнатини, но не успеав целосно да го поправам искинатиот дел. Но, сепак разликата е огромна.

7. Маслиново или кокосово масло ќе ви помогнат да ја одржите блескавоста на кожните обувки

Користете го овој метод, откако ќе заврши процесот на обновување. Тоа ќе ви помогне вашите обувки уште повеќе да заблескаат.

Потопете крпа или парче ткаенина во мала количина масло и нежно нанесете врз целата површина од обувките.

Бонус: Добро подгответе се за обновување на вашите чевли

Пред да ги обновите и исчистите вашите обувки, подготовете ги сите потребни средства и предмети и не заборавајте да користите ракавици, за да не ја оштетите вашата кожа. Исто детално проверете ги вашите чевли, пред употреба на триковите. Некои чевли не треба да имаат допир со вода, додека пак триковите што се добри за кожните обувки, можат да бидат штетни за антилопните.