Пристигнаа првите официјални фотографии од луксузниот бренд на популарната пејачка Ријана
Ифцијално, популарната пејачка Ријана конечно го лансираше својот луксузен бренд „Фенти“, соработка со групацијата LVMH, која неодамна ја објави во јавноста.
Сега, списанието Вог и ексклузивно ги објави фотографиите од првата колекција на луксузниот бренд, чии парчиња за продажба ќе бидат достапни од 29-ти Мај, наредната Среда, на официјалниот сајт на Фенти и во новоотворената продавница во модната престолнина- Париз.
Брендот, на кој Ријана е премногу горда, воедно е и првиот луксузен бренд предводен од жена од црната раса.
Еве како изгледаат првите парчиња дизајнирани од популарната пејачка, за нејзиниот „Фенти“:
Во видеото подолу, можете да ја видите целата колекција: